(ВИДЕО) Таткото на Јани Бојаџи е осомничен за кражба на артефакти и злосторничко здружување, велат од МВР

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организирана криминал и корупција вчера спроведе координирана акција со цел сузбивање на организирана повеќечлена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости, сооопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. Меѓу лицата кои се задржани во полициска станица се до изведување пред судија на претходна постапка е и таткото на Јани Бојаџи, лицето А.Б.

-Криминалистичката истрага се спроведуваше една година од страна на Единицата за сериозен криминал, при Секторот за криминалистички истраги, а вчера се извршени претреси на вкупно 16 локации, при што од слобода се лишени 13 лица и од нив привремено се одземени голем број на артефакти: монети, полускапоцени и скапоцени камења, стар накит, скулптури, керамички и бронзени предмети, метални шипки, мапи, метал детектори, скици, тефтери, нотеси, мобилни телефони, рамка за пиштол и куршуми и друго, рече Ангеловски.

Кривична пријава против вкупно 14 лица. Од МВР велат дека постои постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

-Пријавените Р. П. (46), А. Б. (70) и Ж. Р. (65) во текот на 2017 и 2018 година, со цел стекнување на противправна имотна корист и присвојување на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавени лица. Пријавените организатори и членови на злосторничко здружување, во наведениот период со умисла и континуирано нуделе на продажба поединечно или групно повеќе предмети пронајдени претходно или во тек на посочениот период, договарале и вршеле истражувања на различни локации. Ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност (монети, скапоцени и полускапоцени камења) на повеќе археолошки локалитети на повеќе локации низ државата (Струмица, Велес) ги продавале на заинтересирани лица од странство (Албанија, Турција и Грција), а продажбата ја вршеле на непосредни средби. Купопродажбата освен на територија на Македонија, ја вршеле и во Грција, соопшти Ангеловски. Со сите лица е извршен службен разговор, четворица од нив се пуштени на слобода, а останатите задржани во полициска станица.

Вчера режисерот Јани Бојаџи на социјалните мрежи напиша дека во домот на неговите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес