ССНМ и ЗНМ: „Несмасна“ пракса на истражните органи во случаи со новинари

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираат на постапувањето на Основното јавното обвинителство (ОЈО) и Министерството за внатрешни работи (МВР), овој пат поврзано со Весна Јовановска-Дојчиновска, уредник во Телма Телевизија.

Обвинител при скопското обвинителство отворил предмет по пријава за говор на омраза на граѓанин кон друг граѓанин, и со цел да ја истражи и поткрепи пријавата со докази издал наредба МВР да ги обезбеди емитуваните аудио и видео материјали од Телма телевизија, но и наредба за информативен разговор со уредничката Весна Јовановска-Дојчиновска. Полицијата неколку пати ја побарала на домашна адреса, но без да соопшти детали за што точно треба да се јави во полициска станица.

Оттука, ССНМ и ЗНМ ја оценуваат за проблематична постапката преку која МВР, но и ОЈО инволвираат новинари кога постапуваат во случаите без истите да ги информираат зошто се повикуваат на службени разговори.

Потенцираме дека сите меѓународни регулативи, стандарди и препораки укажуваат на тоа дека кога органите на прогонот веќе постапуваат во случај кој вклучува новинар, тоа треба да го направат на начин што преземените овластувања не смеат да имаат ефект на заплашување, заканување или ограничување на слободата на новинарите и медиумите. Дополнително, МВР и ОЈО најмалку што можат да сторат е да стапат во контакт и да ги разјаснат околностите на транспарентен начин, во спротивно ова може сериозно да влијае врз условите во кои новинарите си ја вршат својата работа.

Овој случај е уште еден аргумент зошто е потребно посебно одделение во рамки на ОЈО кое ќе третира предмети и случаи во кои се инволвираат новинари и медиумски работници. Потсетуваме дека потребата од континуирана едукација и усовршување на знаењето на обвинителите во заштита на новинарите е обврска на државата како членка на Советот на Европа.

Укажуваме дека и кој било граѓанин доколку е незадоволен од начинот на известување во медиумите на располагање ги има саморегулативните механизми. Секоја друга форма и законска можност примената од правосудните органи може да води кон цензура и самоцензура, но и одредена форма на заплашување и предизвикување страв, со што се става црна дамка на демократското владеење.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат навредите од советникот во општина Охрид Нефи Усеини кон колешката Емилија Мисирлиевски

А1он

Измамник преку Фејсбук се претставувал како адвокат и ограбил скопјанка

А1он

Приведено лице барано со потерница, осудено на речиси шест години казна затвор

А1он

МВР: Во кругот на Меѓународната автобуска станица оставен куфер, нема никаква опасност

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Претреси во КПУ Штип: пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети

Ана Ололовска

Приведено лице во Гостивар за издржување затворска казна

Ана Ололовска