Син на екс-директор на БЈБ фатен со дрога во Скопје

Од:

Син на поранешен директор на Бирото за јавна безбедност вчера во скопската населба Капиштец е уапсен откако полициска патрола кај него нашла одредена количина на дрога.

Според информациите на „А1он“ настанот се случил во „Интермецо“. Од МВР не даваат дополнителни информации за настанот. Во денешниот полициски билетен на МВР единствен настан во кој се споменува приведување за дрога во центарот на Скопје се вели:

„На 24.02.2023 во 00.35 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“.

Таткото на упасениот А.В. беше назначен за директор на БЈБ после политичките промени во Македонија, а беше принуден да поднесе оставка откако дел од медиумите во земјава објавија дека неговата ќерка со службено возило на МВР бeше на пат во Грција.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он