Си Џипинг следната недела ќе се сретне со Путин објави Ројтерс

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг планира да отпатува во Русија за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веќе следната недела, порано од очекуваното, изјавија за Ројтерс луѓе запознаени со ова прашање.

Плановите за посетата доаѓаат кога Кина нуди да посредува за мир во Украина, напор што на Запад беше дочекан со скептицизам со оглед на дипломатската поддршка на Кина за Русија.

Руската новинска агенција Тас на 30 јануари објави дека Путин го поканил Си. Волстрит журнал минатиот месец објави дека посетата на Москва би можела да се случи во април или почетокот на мај.

Кинеското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за патувањето на Си во Москва, а Кремљ одби да коментира. Кина и Русија влегоа во партнерство „без ограничувања“ во февруари 2022 година, неколку недели пред Русија да ја нападне Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран