Приведени се четоврица грчки навивачи кои вчера дивееја низ центарот на Скопје

Од:

Четворица грчки државјани, дел од навивачката група дојдена во Скопје како поддршка на ракометниот клуб ПАОК се приведени вчера попладне соопшти Министерство за внатрешни работи. Тие нападнале двајца на улица „Македонија“, а потоа краделе во продавница на улицата.

– На 15.10.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода T.В.(30), K.С.К.(33), M.Е.(22) и T.Р.(25), сите од Република Грција. Тие се сомничат дека, како дел од навивачка група, околу 16.00 часот на ул.„Македонија“ физички ги нападнале Н.К.(41) и А.В.(42), двајцата од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека дел од лицата од навивачката група одзеле предмети од продажен објект на улицата. Четворицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип