Специјалното јавно обвинителство денеска во 10 часот ќе одржи прес конференција.Во најавата за настанот не пишува која ќе биде темата, дали се работи за отворање на нов случај или ќе се говори само на актуелни теми.
Од обвинителството на Јанева велат дека се подготвени да обезбедат одговор на прашањата за кои во последно време се интересира јавноста. Некои медиуми претпоставуават дека можеби тема ќе биде проектот „Скопје 2014“.
Специјалните јавни обвинители и истражителите периодов често ја посетувале општина Центар, интересирајќи се за изградба на спомениците соспорниот проект, што одеа токму преку оваа општина, а ревизијата нарачана од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, покажа дека тие, незаконски се плаќале многу повеќе отколку што реално чинеле.
На последната прес-конференција, СЈО го отвори случајот „ТНТ“, кој се однесуваше на уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Во овој случај првоосомничена е градежната испекторка во Општина Гази Баба и уште три лица од комисијата за јавни набавки на Општината.
Тогаш обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, рече дека уривањето на „Космос“ било нарачано од поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во координација со градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кои беа аболирани од Ѓорге Иванов. Иванов минатата недела ги повлече аболициите на сите 22 политичари од вкупно 56-те помилувани луѓе.
Еден од аболираните беше и Коста Крпач, за кој од Обвинителството беше кажано дека се самоубил.