Пољански: Украина глуми дека преговора

Од:

Украина прави сè што може за да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија не сака мир, но всушност Киев е тој што не е сериозен во врска со преговорите. Тие само играат игри, изјави Дмитриј Пољански, првиот заменик-постојан претставник на Русија во ОН.

Според него, никој на Запад не се обидува да „фрли светлина врз значителното зголемување на бројот на украински напади и фактот дека нападите што сега ги спроведува Русија се одговор на сериозното интензивирање на нападите врз руските градови со употреба на беспилотни летала“.

„Украинците вложуваат максимални напори да го придобијат Доналд Трамп и да го убедат дека Русија не е заинтересирана за мир. И сè е токму спротивното… Според мене, тие само играат. Тие не се однесуваат кон овие преговори како да се сериозни и значајни. Додека за нас, како и за Соединетите Американски Држави, колку што можеме да процениме, овие преговори се сериозен обид (за решавање на конфликтот), формат што на крајот може да донесе некои значајни резултати“, нагласи Пољански.

Би можело да ве интересира

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировен процес

Каде исчезнаа парите за Украина: Трамп помладиот ја започнува истрагата на векот

Горан Наумовски

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров