Независниот студентски сојуз го откажа утрешниот собир: Партиите да стојат на страна

Од:

Огорчени сме и разочарани од политички влијанија и мешање во нашите искрени и чесни намери, соопштија од Независниот студентски сојуз.

Денес сведочиме за видео материјал со кој се потврдува политичката вмешаност, велат од студентскиот сојуз откако во јавноста протекоа видео-снимки од онлајн сесија преку платформата „Зум“, кои укажуваат на подготовка на српското студентско-граѓанско сценарио во земјава.

Станува збор за координирани обуки, во кои учествуваат граѓани од Македонија, како и обучувачи и активисти од Србија, каде веќе подолг период се одвиваат протести и улични движења со дестабилизирачки карактер. На снимките се слушаат совети за тоа како да се организира привидно спонтан револт, како да се избегне секој институционален дијалог, да се креира медиумска драма и да се манипулира јавното мислење преку лажни профили и фабрикувани пораки.

Огромна група на студенти е жртва на обид за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме.

Поради тоа нашиот собир закажан за утре во 13:00 часот пред платото на УКИМ се откажува, додека целосно не ги дистанцираме обидите за политичко влијание.

За дополнителни чекори ќе ве известиме во наредниот период.

Повторно апелираме партиите да стојат на страна од искрените и чесни намери на студентите за нивно организирање, посочуваат од Независниот студентски сојуз.

Би можело да ве интересира

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови