Мицотакис и Ципрас ја истакнаа важноста на пораката „Остануваме дома“

Од:

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на опозициската СИРИЗА попладнево одржаа средба, но телеконференциска за ситуацијата со коронавирусот во земјата и двајцата ја истакнале важноста на пораката „Остануваме дома“.

Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер го известил Ципрас за владиниот план, одговорил на прашања и рекол дека „било кој конструктивен предлог за справување со ситуацијата е добредојден“.

Лидерот на СИРИЗА, по разговорите со Мицотакис рече дека ги преставил предлозите на неговата партија и порача дека во овие моменти треба сите да бидат обединети.

-Сега, не е време за време за конфронтација, туку време за одговорност. Сакав да му пренесам дека функционерите и членовите на СИРИЗА се тука, за да ѝ помогнат на државата, а главно на надлежните органи, на Министерството за здравство, на нашите болници, на нашите лекари и медицински сестри, да се справат со овој голем предизвик, рече Ципрас.

Грчкиот премиер, исто така преку видео повик разговараше и со претседателката на Движење на промена, Фофи Генимата, а во текот на утрешниот ден и во среда ќе го продолжи циклусот информативни контакти за коронавирусот со лидерите на политичките партии.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски