Коалиција „Менуваме“: Бараме гарантирање на соодветен животен стандард и отворање на центри за рехабилитација

Од:

Вклучување во целокупниот економски културен општествен живот на лицата со попреченост, гарантирање на соодветен животен стандард и отворање на центрите за рехабилитација се дел од барањата што претставниците од Коалицијата „Менуваме“ ги посочија вчера на средбата со претставниците на Владата. За овие барања Владата зема за применливост од рок од седум работни дена да се произнесат.

-Бараме активно вклучување во целокупниот економски културен општествен живот на лицата со попреченост, ова право ни е гарантирано согласно мегународни конвенции и Уставот. Обединетите нации имаат забележано дека за да се овозможи ефективна заштита и унапредување на правата на лицата со попреченост е неопходно дополнително уредување на обврските на Македонија со цел да се гарантира дека се исполнети сите услови лицата со попреченост да уживаат по сите права како и другите граѓани, соопштија од Коалицијата.

Исто така, бараат и гарантирање на соодветен стандард на живот за пицата со попреченост, државата да ги укине одредбите за лицата со попреченост кои според возраста ги квалификува да пристапат до социјални бенефиции, да алоцира одредени парични додатоци и надоместоци за децата со попреченост.

-Да обезбеди материјална помош за биолошките и згрижувачките семејства, како и да усвои мерки преку кои не се осигура дека лицата со попреченост имаат законско право на доволен личен буџет за независно живеење, да ги зема во предвид дополнителните трошоци кои се однесуваат на попреченоста, се наведува во соопштението.

Од овие причини, од Коалицијата „Менуваме“ бараат зголемување на износот на сите додатоци по основ на попреченост, како и посебниот детски додаток.

Воедно претставниците од „Менуваме“ бараат да им се овозможи истовремено можност да ги покријат трошоците кои се поврзани со попреченоста – вклучувајќи, но не ограничувајки се на лекови, суппоменти, физикална терапија, сензорни соби, помошни помагала и слично, соодветно на состојбата и возраста на лицето, а и да можат активно да бидат вклучени во целокупниот општествен живот, што вклучува транспорт, влезници/котизации, финансиска можност за негување на интереси и хобија.

-Поради сето ова, бараме надоместот за попреченост да се одреди од 7.100 на 12.000 денари месечно, посебниот детски додаток од 5.100 на 1.0000. Намалување на границата за додаток за попреченост од 26 на 18 години за лицата кои со 18 години се стекнуваат со правна деловна способност, велат од Коалицијата.

Како вид на помош за осамостојување на лица кои се со одреден хендикеп но немаат интелектуална попреченост, од Коалицијата предлагаат овие лица да се третираат како возрасни со моментот на навршување 18-годишна возраст, наместо како до сега, до навршување на 26 години.

-Во моментов, во државата нема ниту еден центар за рехабилитација и регистар, а регистарот и овие центри се повеќе од потребни за одржување и подобрување на социјо здравствената состојба на лицата со физички хендикеп. Бараме и вработување на персоналните и образовни асистенти. Со цел да ги задржиме асистентите, предлагаме персоналните асистенти да бидат вработени преку Министерството за труд и социјална политика, а образовните преку Министерството за образование, посочија во соопштението.

Од Коалицијата „Менуваме“ велат дека протестот е во мирување, поради рокот од 7 дена во кој треба да се прознесе Владата. Доколку не им се исполнат барањата, посочија дека ќе продолжат со протестот.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он