Јапонски суд: Забраната за геј бракови е уставна

Од:

Јапонски суд одлучи дека забраната за истополови бракови е уставна, нанесувајќи им удар на правата на ЛГБТК луѓето, пренесува Ројтерс и потсетува дека тоа е втора ваква пресуда во единствената земја членка на Г7 каде што истополовите бракови не се дозволени.

Истовремено, окружниот суд во Токио во образложението на пресудата наведува дека отсуството на правна рамка за истополовите парови да основаат семејство ги крши нивните човекови права.

Јапонскиот устав го дефинира бракот како заедница заснована на взаемна согласност на двата пола. Владејачката партија на премиерот Фуми Кишида досега не покажа намера да го разгледа ова прашање или да предложи закон.

Би можело да ве интересира

Кина до Јапонија: Не си играјте со оган

ВИДЕО: Сè се тресе, опремата паѓа, а хирурзите го спасуваат пациентот среде земјотрес во Јапонија

ВИДЕО: Расте бројот на жртви во земјотресот во Јапонија, продолжува потрагата по исчезнати

Неколку лица се повредени во земјотресот во Јапонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди јужна Јапонија

Москва: Распоредувањето на американски ракетни системи во Јапонија претставува закана за руските граници