Грвала: Косово не е безбедносно загрозено, но мора да се биде буден и подготвен

Од:

Министерката за надворешни работи и дијспора на Косово, Доника Грвала вели дека неделава се очекува нејзината Влада да донесе одлука за прифаќање на 5.000 украински бегалци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во нејзиното обраќање пред Комисијата за надворешна политика на Собранието на Косово, Грвала информира дека побарала од КФОР, кој е надлежен за надзор на косовскиот воздушен простор, истиот да го затвори за прелет на авиони од Русија, поради агресијата на таа држава врз Украина.

Во однос на безбедносната ситуација во земјата, шефицата на косовската дипломатија рече дека засега нема сигнали за некаква загрозеност на Косово, но дека сепак треба да се биде буден и подговен.

– Немаме конкретни сигнали за воен напад од било кого врз Косово, но треба да бидеме многу будни и подготвени, затоа што никогаш не се знае. Многумина ја потценија руската опасност во Украина и не веруваа дека може да дојде до отворена војна. Не сакаме Косово да стане жртва на погрешни и неточни проценки, рече Грвала.

Сепак, порача таа, место за паника нема, затоа што “нема никаков предзнак дека сме близу до вооружен конфликт со било кого“.

– Ние сме во постојан контакт со сите наши партнери и сојузници, со цел состојбата и развојот на настаните во регионот да се следат со исклучително внимание. Сепак, битно е да се каже дека во Косово никој нема потреба да чувствува паника околу ситуацијата, бидејќи нема никаков предзнак дека сме близу до вооружен конфликт со било кого, рече Грвала.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он