Град Скопје нуди помош за изградба на мега парк на опожареното место во Кисела Вода

Од:

Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат.

Со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина, апелираме општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација.

На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните, реагираат од Град Скопје по пожарот во Расадник во Кисела Вода.

По многуте пожари летово, Левица предложи во Собранието измени во законот за шуми со којшто се предвидува забрана за градење на опожарените површини во следмните 50 години. Предлогот беше одбиен, а од партијата образложија дека главни мотиви за подметнување на шумски пожари е земјиштето коешто било зафатено од шумски пожари е да се урбанизира, на него да се градат објекти, фотоволтаични централи и да се врши сеча на дрвја.

Би можело да ве интересира

Владата прогласи кризна состојба во цела држава поради опасност од пожари

А1он

ЦУК: Активни се пожарите во Долнени и Кичево, под контрола е пожарот кај Кавадарци

Франција продолжува да се бори со пожарите во Жиронда

ЕУ испраќа помош за повеќе од 250.000 луѓе евакуирани поради пожарите во Франција и Шпанија

А1он

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме

ЦУК: Пет пожари на отворено во државата до 13 часот, три сѐ уште активни