Голем шумски пожар на грчкиот остров Самос

Од:

Цела ноќ траеше битката со шумскиот пожар на грчкиот остров Самос и утрово гаснењето продолжи и од воздух, а според локалните медиуми ситуацијата денеска е значително подобрена.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 78 пожарникари со шест пешадиски тима,15 возила и два хеликоптери, а меѓу пожарникарите се и 28 од Атина, кои синоќа авионски пристигнаа на островот.

Според локалните медиуми синоќа биле превентивно евакуирани две села.

Во конкретниот пожар помагаше и хеликоптерот што вчера се урна во морскиот дел југозападно од островот, а животот го загубија двајца членови на екипажот, додека пак останатите двајца беа спасени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шумски пожар над населбата Пинтија

Горан Наумовски

Шумски пожар кај шарпланинското село Гајре, интервенираа пожарникари

Жарко Настоски

Поради пожарите во регионот на Анталија, Османи не оди во 500 километри оддалечената Анкара

Жарко Настоски

Голем шумски пожар над селото Колибари, кичевско