Ердоган: Оној што ќе го нападне турскиот брод ќе плати висока цена

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека секој напад врз турскиот брод што истражува нафта и гас во спорните води на Средоземното Море, ќе резултира со висока цена.

– Кажавме дека ако го нападнат „Оруч Реис“ ќе платат висока цена, а тие денеска го добија својот прв одговор, истакна Ердоган синоќа без да изнесе детали.

Турскиот брод „Оруч реис“ во понеделникот со воена придружба полна да истражува за нафта и гас во водите помеѓу Крит и Кипар.

Поради тоа, францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе го зголеми военото присуство во регионот и ја повика Анкара да го запре истражувањето. Француската и грчката армија вчера одржаа заеднички воени вежби во близина на Крит.

Поради потезите на Турција, Европска Унија веќе воведе санкции за две компании од турскиот енергетски сектор.

Ердоган вчера телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, при што истакна дека Турција ги брани своите права.

И Турција и Грција потенцираат дека ги штитат своите интереси и ја обвинуваат другата страна за конфликтот.

Советот за надворешни прашања на ЕУ денеска ќе одржи вондреден состанок поради активностите на Турција во Источен Медитеран.

Би можело да ве интересира

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ

Убиство што ја потресе Грција: Македонец призна дека ја уби исчезнатата 45-годишна жена

(ВИДЕО) Страшна несреќа во Турција: Се преврте автобус со туристи, има мртви

Голем пожар во Грција: 42 пожарникари, две пешадиски екипи, пет авиони и десет противпожарни возила се на терен

Анкара: Агресивната политика на Израел стана глобално безбедносно прашање

Македонски турист е спасен во Грција

Горан Наумовски