По тензиите меѓу Турција и Грција, Макрон испраќа воени бродови во источниот Медитеран

Од:

„Решив, привремено, во следните денови да го зајакнам француското воено присуство во Источниот Медитеран, во соработка со европските партнери, меѓу кои и Грција,“ напиша претседателот на Франција Емануел Макрон на социјалните мрежи, откао претходно телефонски разговараше со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

-Ситуацијата во Источниот Медитеран е загрижувачка. Едностраните одлуки на Турција за нафтени истражувања предизвикуваат тензии. Тие мора да прекинат за да се дозволи мирен дијалог меѓу соседните земји и сојузници во НАТО, додаде Макрон на „Твитер“, како на француски, така и на грчки јазик.

На твитот на претседателот на Франција, му одговори Мицотакис, му се заблагодари и на француски јазик напиша дека „Емануел Макрон е вистински пријател на Грција, но и силен бранител на европските вредности и меѓународното право“.

За ситуацијата во Источниот Медитеран и за турските активности и начините за справување, синоќа, телефонски разговарале Макрон и Мицотакис.

Грчкиот премиер на истата тема разговараше и со претседателот на Египет Абдел Фатах Ел Сиси и се договориле колку е можно побргу, двете земји да го ратификуваат договорот за одредување на Ексклузивната економска зона.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

САД, Јапонија, Австралија и Филипините ќе одржат вежби во Јужното Кинеско Море

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески