„Република Макеоднија повторно е преплавена со т.н. „бомби“ од прислушкувани разговори кои ги поседуваат како државни институции така и приватни лица.
Не постои никаква разлика меѓу „бомбите“ на Заев и тие на приватни лица. Со „бомбите„ на Заев се откриваа криминални активности на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ додека со сегашните актуелни бомби се зборува за криминалните активности на СДСМ и ДУИ“, соопштуваат од Единствена Македонија.
„Што е најбитно, никој не ја негира автентичноста на бомбите и актуелното пуштање на нови „бомби„ може повторно да ја втурне земјата во длабока политичка и безбедносна криза.
Единствена Македонија како одговорна партија која во основа се бори за националните и државните интереси бара од надлежните органи да се донесе преодно законско решение со кое се дава можност секој кој поседува „бомби„ кои го тангираат јавниот интерес да може да ги објави и кои би биле доказ во судска постапка. Само така Македонија би избегнала повторно да биде втурната во опасна авантура на уцени и закани со прислушувани разговори кои ја загрозуваат нејзината стабилност и безбедност“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.