А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Дивоградбите во Чаир ја докажаа нефункционалноста на легализацијата донесена од СДС и ДПМНЕ

by А1он27/11/2023 - 19:0127/11/2023 - 20:29463
Share0

Дивоградбите во Општина Чаир, кои се градени во последните пет години, а се легализирани како да се градени пред март 2011 година, се доказ за штетноста и можностите за манипулација кои ги нуди Законот за легализација на бесправно изградени објекти.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што објавија медиумите, според повеќе решенија за легализација на бесправно изградени станбени згради во Општина Чаир, барањата за тие легализации се поднесени на датум кога објектите воопшто не биле почнати да се градат. Секако, ова не е можно без целосно непостоечки градежен инспекторат на општината, во која се издадени вкупно осум градежни дозволи за период од пет години, а се изградени стотици објекти и илјадници станови. Но, главното прашање е зошто всушност се опасни дивоградбите, покрај изигрувањето на правниот систем?

Затоа што дивоградбите не поминуваат низ филтрите на регуларните објекти, односно најпрвин воопшто не се во склад со Деталните урбанистички планови и не зависат од нив. Самата градба не е подложна на мислење од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмика; ниту добиваат мислења за време на градбата (МИС1 и МИС2); не поминуваат за мислење низ Дирекцијата за заштита и спасување за нивната противпожарност; ниту имаат Потврда за енергетска ефикасност и генерално не постои никаква потврда за нивна безбедност. Не постои ниту Извештај од надзорен инженер за технички прием на објектот.

Единствен документациски траг е геодетскиот елаборат за да се впишат во Агенцијата за катастар на недвижности, а со нивно впишување вредносно ги изедначуваме со објектите кои поминале регуларна постапка. Со отворањето на Пандорината кутија да се дозволи легализација на секаков вид на објект, дополнително се стимулираат дивоградбите.

Следете a1on на Youtube YouTube

Доколку Законот за легализација се носеше од стручни и реални, а не популистички побуди и за да задоволи дивеење во градежништвото за лесен и брз профит, легализацијата требаше да се врши само на објекти кои не отстапуваат од Деталните урбанистички планови, а процедурата да содржи целокупна проектна документација, со проекти елаборати и докази за носивоста и безбедноста на објектот, и само такви објекти би требало да се разгледуваат како подобни за легализација.

Потсетуваме дека во март 2021 година, со 72 гласа ЗА, пратениците од СДС и ДПМНЕ заеднички го усвоија штетниот Закон за легализација на дивоградби, со што уште еднаш се ставија на страната на неправото и корупцијата.

levica

Би можело да ве интересира

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски23/10/2026 - 10:3823/10/2026 - 11:16

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 14:39

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он19/10/2026 - 18:24

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Горан Наумовски18/10/2026 - 12:08

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 09:5716/10/2026 - 11:47

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он15/10/2026 - 18:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео