ДИК ги запре сите изборни активности

Од:

Државната изборна комисија на денешната седница ги запре сите активности поврзани со изборите кои беа закажани на 5 јуни, се до конечната одлука на Уставниот суд.

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски рече дека треба да се запрат и сите понатамошни дејствија и активности на општинските изборни комисии, кои пак треба да се задолжат до ДИК да достават извештај за работа и финансиски извештај за периодот од нивниот избор до 18 мај 2016 година.

– Предлагам да се донесе заклучок да се запрат и сите понатамошни дејствија и активности во насока на спроведување, односно да доставиме информација да се запрат сите понатамошни дејствија и активности во насока на спроведување на предвремените парламентарни избори што требаше да се оддржат на 5 јуни 2016 година, а кои требаше да ги преземат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за статистика и Државниот завод за ревизија, рече Чичаковски.

Членот на ДИК, Субхи Јакупи истакна дека Комисијата ќе продолжи со активностите кои, како што додаде, одат во насока на секојдневна работа што е надлежност на ДИК. – Како што почнавме и стигнавме до прочистување на Избирачкиот список, мислам дека и понатаму треба да продолжиме со тие активности, рече Јакупи.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања