Берлин: Враќањето на смртната казна ќе значи крај на преговорите на ЕУ со Турција

Од:

Германија денеска соопшти дека преговорите помеѓу Турција и ЕУ ќе завршат доколку турската влада ја врати повторно смртната казна.

-Ние категорично ја отфрламе смртната казна и воведувањето на таква казна ќе означи крај на преговорите за членство во ЕУ, рече портпаролот на германската канцеларка, Штефан Зајберт.
Тој изјави дека ЕУ е “заедница на вредности“ и според тоа воведувањето на смртна казна ќе значи дека таа држава не може да биде членка на ЕУ.

Според него, Германија и останатите земји на ЕУ засега само ја следат внатрешната дебата во Турција за повторно воведување смртна казна, но дека позицијата на Унијата е премногу јасна.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски