Ангеловска-Бежоска: Новата алатка за споредба на надоместоците на банките ќе придонесе за поповолни цени за платежните услуги

Од:

Новата алатка на Народната банка за споредба на надоместоците кои граѓаните ги плаќаат во своите банки треба да ја зголеми транспарантноста на истите и да ја подобри информираноста на јавноста за надоместоците кои ги плаќаат за најрепрезентативните услуги поврзани со платежната сметка.

Преку поголемата транспарентност и олеснетата споредливост на надоместоците, ќе се зголеми конкурентноста помеѓу банките што може да придонесе за поповолни цени на платежните услуги за граѓаните, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на работилницата за новинарите наменета за објаснување на функционалностите на алатката за споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги.

Таа посочи дека заради заштитата на потрошувачите, како една од најзначајните цели на новиот закон, за првпат се воведе обврската за банките да ги уредат правата и обврските на корисниците со рамковен договор во стандардизирана форма, проследен со информативен документ за надоместоците пред неговото прифаќање, што обезбедува нивна поголема информираност и сигурност при носењето на одлуките.

-За најчесто користените услуги, Народната банка врз основа на податоците од банките подготви листа од 11 т.н. најрепрезентативни услуги за чиишто надоместоци започна да прибира податоци и почнувајќи од крајот на минатиот месец овозможи нивна достапност и споредливост по банки, со користење на алатката. На овој начин, граѓаните ќе можат на едно место, преку веб-страницата на Народната банка, да добијат брза и лесно достапна информација за надоместоците кај секоја од банките и да направат споредба кога одлучуваат кај која банка да користат платежни услуги, посочи гувернерката.

Директорот на Дирекцијата за платни системи, Игор Величковски и аналитичарот во Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Борче Ристовски, ги презентираа клучните придобивки од алатката на Народна банка за увид и споредба на надоместоците за платежните услуги на банките.

Податоците за надоместоците се засноваат врз информациите од банките и тие се должни редовно и навремено да известуваат за сите промени во иднина, со што преку алатката се обезбедува навремено и ажурно известување на граѓаните за актуелните надоместоци кај банките.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво