Андов и Вељаноски го сметале Собранието за конституирано и без спикер, Пендаровски ќе го даде мандатот за Влада

Од:

Претседателот Стево Пендаровски ќе го додели мандатот за Влада, бидејќи мандатите на пратениците веќе се верифицирани и Собранието се смета за конституирано.

Реакцијата од Пендаровски доаѓа откако Талат Џафери изјави дека Собранието сè уште не e конституирано, бидејќи не е избран нов спикер.

„Во врска со изјавите изнесени од претседавачот Талат Џафери во интервју на ТВ 21, информираме дека претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: за да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Претседателот Пендаровски вели дека иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став, кој според него го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни опции.

Пендаровски ова го поткрепува со искуствата во минатото, Стојан Андов во 2006 година и Трајко Вељаноски во 2016 го информирале претседателот на државата дека Собранието е конституирано, како претседавачи со конститутивната седница, а не како спикери.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието