Ахмети: Изборите ќе се одржат во редовниот термин и нема потреба од лидерска средба

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска изјави дека во моментов изборите не нудат решение и потенцира дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин.

-Приоритет над приоритетите е како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на луѓето, отколку да ја зачлениме земјата во Европската унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година, рече Ахмети на новинарско прашање на промовирањето на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Чајлане и Семениште“.

Ахмети потенцира дека во случај на ВМРО-ДПМНЕ да и пречи ДУИ да биде во предводењето на државата, ќе се повлекуваат од извршната власт во моментот кога тие ќе ги гласаат уставните измени.

За повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски последниве денови за лидерска средба со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на лидерска средба, на која би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес, Ахмети вели дека нема потреба.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ