Агенции од Македонија не им ги откажувале аранжманите на туристите во Грција и покрај предупредувањата за невремето

Од:

И покрај предупредувањата од грчките власти за опасните временски услови во последните два дена, некои туристички агенции од Македонија не ги откажале аранжманите за Грција во областа Екатерини Волос која е најпогодена од невремето Даниел.

Македонските туристи меѓусебе комуницираат на социјалните мрежи за тоа какви се условите во централниот дел на Грција прашувајќи дали да тргнат со оглед на тоа дека, според нив, агенциите не им ги откажуваат или одложуваат аранжманите иако во договорите за патување стои дека поради вонредни околности може да се откаже патувањето.

Една туристка во групата „Одмор во Грција“ праша какви се временските услови на Скијатос и дали воопшто член на нејзиното семејство да поаѓа кон Волос затоа што од агенцијата не сакале да и го одложат патувањето, без да открие име. По кратко размислување, семејството сепак решило да го откаже патувањето.

„Како тоа ќе ве водат на патување кога има забрана за движење во Волос и начелно поголемиот дел од Пелион, забрана за движење на Скикатос и суспендирани траекти“, пишуваат загрижени туристи.

Дел од туристите, сепак, имаат позитивни искуства со агенциите во однос на патувањето на Скијатос. Агенција од Скопје им сугерирала на патниците да се презакаже на друго место или да добијат ваучер за следно патување.

Врнежите во Волос, Скијатос и Тесалија, се очекува да продолжат и денес, а Националната метеоролошка служба ги карактеризира како екстремни врнежи.

Генералната регионална полициска управа на Тесалија, поради невремето, привремено го забрани движењето за сообраќај на целата мрежа на Скијатос, до смирување на временските услови. Јавните и општинските служби во Волос и Тесалија денеска се затворени поради лошото време и поплавите. Цивилната заштита на Грција вчера ги предупреди граѓаните и туристите на опасни временски услови во областите Евија, Тесалија, Солун, Лариса, Пиерија, Споради и Магнезија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски