Во неверојатната завршница на натпреварот помеѓу Словенија и Германија, кој заврши со резултат 25:25, Словенците постигнаа погодок на седум секунди пред крајот и започнаа со прослава на победата, пред судиите да одлучат да ги прегледаат снимките.
Судиите на снимките разгледувале дали словенечкиот играч Блаж Јанц направил престап при погодокот со водство, што не било случај, но спорна била ситуација што се случила после тоа.
Откако Јанц го постигна погодокот, а Словенците ја прославуваа победата, Германците се обидуваа да тргнат и да шутираат од центар. Меѓутоа во тоа ги спречи Блаж Благотиншек, кој блокираше на центарот.
Проблемот во тоа блокиање е што словенечкиот играч не беше оддалечен три метри од изведувачот, а правилата по тоа прашање се јасни:
– Доколку во последните 30 секунди од играта, додека топката не е во игра, играчот одолговлекува или го попречува противникот да изведе или упати удар кон голот, судијата мора да го дисквалификува и да досуди удар од седум метри за противничката екипа, се вели во правилата на ИХФ кои важат од 2015. година.
Доколку Благотиншек стоеше поназад и само ги дигнеше рацете за да го блокира ударот, се би било во ред.
Сепак прегледувајќи ги снимките и правилата, судиите се во право.