Синоќа планинарскиот клуб Кораб од Скопје прослави 20 години од постоењето, а на прославата беше доделена и плакета за планинар на годината.
За планинар на годината за 2016. година беше прогласен Зоран Успрцов, член на клубот Кораб.
Штипјанецот Упрцов е освојувач на Мон Блан во 2014. година, Монте Роса во 2015. и Елбрус во 2016. Пред да стапне на овие врвови рутински неколку пати ги покори сите поголеми планински врвови во нашата Македонија и во регионот.