Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје во своите редови го врати поранешниот негов член Ненад Зивчевиќ, објави на официјалната веб страна клубот од Аеродром.
Зивчевиќ сезоната 2010/11 настапуваше за „сино-белите“. Тој е третиот кошаркар ангажиран од МЗТ во летниот преоден рок. Претходно членови на „аеродромци“ станаа Грузиецот Георги Цинцадзе и Словенецот Марко Пајич.
Во својата кариера Ненад Зивчевиќ настапувал уште и за екипите на Работнички и Лирија во домашното првенство, во Политехника (Украина), катарски Ал Араби, Будуќност (Црна Гора) и Слога (Србија).
28-годишниот Зивчевиќ со МЗТ Скопје потпиша едногодишен договор.