Зидан им кажа на шефовите на Манчестер јунајтед дека не е подготвен да работи во Премиер лигата

Од:

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не планира да се вработи во Манчестер јунајтед доколку Оле Гунар Солскјер поднесе оставка.

Јунајтед сакаше да го покани францускиот стручњак, но тој им порача на клупските газди дека во моментов не се чувствува подготвен да работи во Премиер лигата.

Зидан сака да паузира од работа до лето, пишува новинарот на „Sport Bild“, Кристијан Фалк.

Четириесет и деветгодишниот тренер го напушти Реал Мадрид во мај и оттогаш е невработен.

Солскјер е тренер на Манчестер јунајтед од 2018 година. Под негово водство, тимот загуби шест од последните 12 натпревари.

Сега Манчестер Јунајтед се наоѓа на 6. место во поредокот во Премиер лигата и заостанува пет бода зад 4. место кое носи учество во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига