Жрепката за Ф4 турнирот в среда во Келн

Од:

Жрепката за годинашниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите ќе се одржи во среда (2 мај) во Келн, а Вардар, кој е бранител на титулата, во полуфиналето ќе соочи со една од трите француски екипи ПСЖ, Нант или Монпеље.

Полуфиналните двојки ќе бидат одредени со жрепката од еден барабан, а тимовите ќе играат според тоа како ќе бидат извлечени, без разлика дали претходно имале меѓусебни натпревари во групната фаза.

Турнирот ќе се одржи во „Ланксес арена“ во Келн. На 26 мај ќе се играат полуфиналните средби, а на 27 мај натпреварот за трето место и финалето.

Билетите веќе се пуштени во продажба и се движат од 75 до 345 евра.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски