Жозе Мурињо доби астрономска понуда од Саудиска Арабија, но не да биде тренер

Од:

Познатиот португалски фудбалски тренер Жозе Мурињо доби астрономска понуда од Саудиска Арабија и е многу блиску до заминување во таа земја.

61-годишниот Мурињо летово беше поврзуван со бројни европски гиганти, а беше многу блиску до договор со Фенербахче, но се чини дека нема да го видиме во улогата на тренер.

Саудискиот клуб Ал-Кадисија му понудил договор, а не како тренер, ексклузивно објави порталот SportItalia.

Саудискиот клуб кој ја освои второлигашката конкуренција има големи амбиции во саудиската елита следната сезона, а сака Мурињо да биде нивни технички директор.

Тоа значи дека тој би ја набљудувал работата на комплетната спортска професија на саудискиот клуб, па допрва ќе биде јасно дали ќе ги прифати саудиските милиони или ќе чекаат нов предизвик во некој од европските клубови во улога на тренер.

Би можело да ве интересира

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

ВИДЕО: Рома ја освои Конференциската лига, Мурињо влезе во историјата

Мурињо: Рома е „мала“ во очите на моќните

Ана Ололовска

ЕСПН: Мурињо е најдобриот тренер Манчестер јунајтед во ерата по Фергусон

Ана Ололовска

Мурињо ја презеде одговорноста за катастрофалниот пораз во Норвешка

Ана Ололовска