Британскиот велосипедист Кристофер Фром ја задржа првата позиција во генералниот пласман и жолтата маица наменета за лидерот на „Тур Д‘ Франс“ по вчерашната деветта етапа.
Вчера се возеше тимскиот хронометар, а победи екипата на Би-Ем-Си Рејсинг. Победничкиот тим 28-те километри ги мина за 32:15 минути. Фром ја задржа првата позиција бидејќи неговата екипа Скај го освои второто место, со само една секунда послабо време од победникот. Третото место и припадна на екипата на Мовистар, со 4 секунди послабо време од победничкиот тим.
Во генералниот пласман Фром има вкупно време од 31:34.12 час, додека на второто место е Теџај Ван Гардерен со 12 секунди заостанување зад лидерот во генералниот пласман.
Денеска на велосипедската трка „Тур Д‘ Франс“ е слободен ден.