Жан Алеси: Шумахер Џуниор сигурно ќе стигне до Формула 1

Од:

Поранешниот пилот на Ферари, Жан Алеси е убеден дека Мик Шумахер сигурно ќе го оствари својот сон и ќе вози во Формула 1.

Дваесет-годишниот син на легендата и седумкратен Ф1 шампион, Михаел Шумахер, се натпреварува во Формула 2 оваа сезона и овој викенд во Унгарија успеа да ја оствари својата прва победа во највисоката категорија пред Формула 1. 19-годишниот син на Алеси е еден од ривалите на Мик на патеката и исто се натпреварува во Ф2.

– Секако дека Мик ќе стигне до Формула 1. Не му беше лесно да се навикне на огромниот притисок, кој му го наметна презимето Шумахер. Сенката на неговиот татко е огромна, но момчето покажува сезона по сезона дека има квалитети да с направи име во светот мотоспортовите. Сè што се случи во неговото семејство го натера да созрее многу порано, но тој покажува одличен карактер, кој веќе му помага на пистата.“, изјави Французинот.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он