Завршија возбудувањата на 15-тото атлетско СП

Од:

Со штафетната трка 4 по 400 метри попладнево во Пекинг завршија натпреварите на 15.то Светско првенство во атлетика.

Машката штафета од САД го освои златниот медал, пред составот на Тринидад и Тобаго, третото место е за Велика Британија.

Во женската штафета на истата патека победија атлетичарките од Јамајка, пред САД и Велика Британија.

Етиопјанките забележаа тројна победа во трката на 5.000 метри. Златото е за Алмас Ајана, сребрениот медал го освои Сенбере Тефери, а Гензебе Дибаба стигна до бронзата.

Медалисти на 1.500 метри се Асбел Кипроп од Кенија – злато, еговиот сонародник Мотонеи Манангои го освои сребрениот медал, бронзата е за Абдалати Игуидер од Мароко.

Плеј-офот го одлучи победникот во скок во височина. Тоа е Дерек Дроун од Канада, на делба на второто место се Гуовеи Жанг од Кина и Бохдан Бондаренко од Украина.
Во фрлање копје женска конкуренција победи Катерина Молитор од Германија, пред Хуихуи Лиу од Кина и Сунете Вилјоен од Јужна Африка.

Следува свеченото затворање на Мундијалот на стадионот „Птичјо гнездо“ во Пекинг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта