Американецот Жози Алтидор го заврши својот настап на Светското фудбалско првенство во Бразил.
Искусниот напаѓач по само дваесет минути игра на првиот меч на Мундијалот кој Американците со 2:1 го добија против Гана, го напушти теренот, поради повреда на задната ложа, а како што соопштија од лекарскиот тим на САД, тој нема да биде во можност да игра фудбал до крајот на првенството.
За селекторот Јурген Клинсман ова ќе биде дополнителен проблем имајќи в предвиде дека за САД претстојат два тешки дуели во групата Г против селекциите на Германија и Португалија.