Заврши годинашната „Опен фан фудбал“ школа во Крива Паланка

Од:

На градскиот стадион во Крива Паланка денес официјално беше затворена годинашната летна фудбалска школа „Опен фан фудбал 2021“ на која учествуваа околу двесте дечиња на возраст од шест до дванаесет години.

Поздравен говор одржа градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, во име на Општина Крива Паланка како покровител на настанот.

– Радува фактот што гледам насмеани и среќни лица, што е потврда дека дечињата на фудбалскиот терен уживале, а тренерите и асистенти овозможиле низ игра да се промовира концептот на овие забавни игри. Достигнувањата што ги имаа нашите спортисти во изминатиот период, пингпонгарите, каратистите, кошаркарите, се само доказ дека спортистите се најдобри репрезенти на градот, изјави Мицевски.

Дечињата ги поздрави и координаторот на „Опен фан фудбал Македонија“, Цено Александровски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска