Завршен „Арена да Амазонија“ во Манус

Од:

Во бразилскиот град Манус заврши изградбата на фудбалскиот стадион „Арена да Амазонија“. Стадионот го проектираше германското биро „ГМП Архитектен“ специјално за Светското првенство – 2014.

Манус се наоѓа во срцето на амазонската прашума, опкружен со најголемите тропски прашуми во светот, кои беа инспирација за реновирањето на стадионот, кој е ограден со метална структура, која личи на корпа од слама, производ по кој е познат овој регион.

118668768

Фасадата и покривот формираат континуиран прстен на стадионот. Стуктурата се состои од комплементарни конзоли кои се поддржани од шуплива челична конструкција, кои во исто време се и одвод за време на силните тропски дождови. Дождовницата ќе се собира за подоцнежна употреба во тоалетите, додека сонцето ќе биде искористено за да генерира чиста и обновлива енергија.

Стадионот преубаво изгледа ноќе благодарение на фасадните панели кои овозможуваат структурата да свети.

Стадионот кој може да прими 45.000 луѓе, се наоѓа на централната оска која го поврзува градот и аеродромот. „Арена да Амазонија“ има и ресторани и подземен паркинг.

Првиот натпревар во „Арена да Амазонија“ ќе се одигра на 14 јуни.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска