Заубер го најави Хулкенберг

Од:

Германецот Нико Хулкенберг ќе биде новиот пилот на Заубер во Формула 1 во 2013 година, соопшти тимот.

25-годишниот натпреварувач, за чие преминување од Форс Индија во швајцарскиот тим се зборува во последните месеци, ќе го замени Серхио Перез, кој оди во Мекларен.

Хулкенберг беше поврзуван и со местото на Фелипе Маса во Ферари, но Скудерија веќе гопотврди Бразилецот за следната сезона.

“Се радувам за својата идна соработка со Заубер. Тоа е добро позициониран тим кој е конкурентен. Таму младите пилоти можат да покажат исклучителни можности”, изјави Хулкенберг, кој оваа сезона се врати во Формула 1 и освои 49 поени од 17 трки.

“Заубер има многу позитивен развој и убеден сум дека заедно ќе можеме да постигнеме многу. Дотогаш ќе останам фокусиран на работата со Форс Индија и му заблагодарам на тимот, дека ми даде шанса да се вратам во Формула 1 како стартер пилот”, додаде Германецот.

Се уште не е јасно кој ќе биде неговиот тимски килега наредната сезона. Сегашниот пилот на Заубер, Камуи Кобајаши неодамна изјави дека во оваа фаза ги нема потребните средства за да остане во тимот.

Тој најверојатно ќе го ослободи вториот кокпит на швајцарскиот тим во корист на Мексиканецот Естебан Гутиерез со помош на силниот спонзор “Телмекс”. Ослободената позиција во Форс Индија е меѓу можните варијанти за Кобајаши, но за неа се споменувани и Хајме Алгерсуари, Себастијан Буеми и резервниот возач на тимот, Жил Бјанка.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он