Затворска казна за англиски навивач поради расизам

Од:

Навивач на англиската фудбалска репрезентација кој емитуваше видео стрим на својот Фејсбук профил додека во живо испраќаше расистички навреди кон репрезентативците Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сако по финалето на ЕУРО2020, е осуден на казна затвор од десет недели.

Цел на навреди на 52-годишниот Џонатон Бест беа тројцата англиски фудбалери, кои биеја непрецизно од белата точка во пенал серијата против Италија на лондонски „Вембли“.

Бест е осуден од страна на лондонскиот Суд за прекршоци, откако призна дека е виновен за испраќање навредливи или непристојно пораки преку социјалните мрежи, соопшти Британското државно обвинителство (ЦПС).

– Додека мнозинството од нацијата беше горда бидејќи „Трите лавови“ стигнаа до своето прво меѓународно финале по повеќе од 50 години, Џонатон Бест ги користеше социјалните мрежи за јавно да ги оцрни овие три момчиња, посочи во соопштението ЦПС.

Бест беше пријавен во полиција од страна на еден од неговите Фејсбук пријатели, откако одбил од својот профил да го отстрани видеото во траење од 18 секунди.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска