Започнува Tour of Croatia

Од:

Велосипедската трка „Tour of Croatia“ се состои од шест етапи на преку 1000 километри, со старт во Осиек и големо финале во Загреб.

Некои од најголемите имиња ќе се придружат на овогодишната трка. Второто издание на трката ќе угости 5 екипи од World Tour. Ќе може да ги проследиме и велосипедистите од тимовите Astana, Dimension Data, IAM Cycling, Tinkoff и Trek Segafredо. Ним ќе им се приклучат и 7 Про Континентални и 9 Континентални тимови.

Минатогодишното издание на трката го обележи инаугурацискиот победник Мациеј Патерски.

Полјакот од ЦЦЦ го следеа Словенците Примож Роглич и Силвестер Шмуд. Победувајќи во две етапни трки, Патерски им пресуди на момците во сино-зелени дресови.

Првата етапа на трката има 235.1 км и се вози од Осијек до Вараждин.

Во среда и четврток, етапите кои завршуваат во Сплит и Шибеник ќе бидат пренесувано во живо во 14:30 часот. Четвртата етапа започнува во петок во 14 часот, а снимка на саботната борба меѓу тимовите од 40.3 км ќе се пренесува на Еуроспорт 2 во недела од 10 часот.

Трката завршува во недела во Загреб, а снимката ќе биде прикажана исто на Еуроспорт 2 во понеделник во 06:30.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски