Започнаа училишните спортски игри во Општина Центар

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, официјално ја прогласи спортската манифестација „Училишни спортски игри“ за отворени и во оваа пригода ги поздрави присутните гости и сите учесници во натпреварите. Спортските игри денеска започнуваат со натпревар по кошарка во ООУ „11 Октомври“.

„Се надевам дека со овие училишни лиги ќе го подигнеме спортскиот дух кај основците и ќе го поттикнеме пријателскиот однос меѓу нив. Очекувам некој од вас да стане професионален спортист кој во блиска иднина ќе ги брани боите на нашата државна репрезентација, како што тоа го прават некои наши поранешни ученици и стипендисти“, изјави Герасимовски.

Училишните спортски игри во 8-те основни училишта во општината, се спроведуваат во натпревари во 4 спортови: кошарка, ракомет, фудбал, одбојка за девојчиња и шах. На крај на натпреварите ќе бидат прогласени најдобрите стрелци и играчи од секоја спортска дисциплина, а најдобрите екипи во своите училишта ќе однесат и медали и пехари.

Во рамки на денешното отворање на училишните спортски игри градоначалникот Герасимовски ги додели и стипендиите за спорт на учениците добитници. Општина Центар ќе продолжи да го поддржува спортот и здравиот развој на сите деца, а градоначалникот Герасимовски на учесниците на спортските игри им посака успех и на крајот на училишната година заедно да ги слават победите и заедно да им се радуваат на успесите.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: На барање на граѓаните ги засилуваме контролите на нелегалните препродавачи кај Зелен пазар

Општина Центар: Во тек е Јавен повик за ангажирање на лични асистенти на учениците со посебни образовни потреби

Ана Ололовска

Општина Центар: Поради безбедносни причини црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија ќе остане оградена

Ана Ололовска

Герасимовски: Во наредниот период засилени контроли на застаклените тераси на локалите

Ана Ололовска

Герасимовски: Сопствениците ја рушат доградбата на улица „Македонија, нема да толерираме дивоградби

Катерина Павлова-Николовска

Герасимовски: За помош за новороденче отсега доволно е само еден родител да биде од Општина Центар