Речиси 300 велосипедисти денеска од Отешево тргнаа на велосипедската тура „Tour de Galicica”, на која ќе поминат 70 километри.
– Сигурен сум дека сите учесници ќе уживаат во убавините на Преспа и секако ќе го промовираат здравиот начин на живот, ќе ги поттикнат останатите и младите пред се да спортуваат со цел да направиме здрава нација, истакна директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски.
Велосипедската тура се одвива во рамки на дводневниот настан,, Meet Prespa”.