Замрзнување на крилата можна причина за исчезнување на авионот со Сала

Од:

Експертите за воздухопловство веруваат дека замрзнување на крилата на приватниот авион со аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала е можна причина за исчезнување на леталото, објавија британските медиуми.

Според нивното мислење, пораките на 28-годишен играч објавени на социјалните мрежи во кои пишувал дека авионот ќе се сруши, би можеле да бидат предизвикани од формирањето на мраз на крилјата, појава која Сала ја видел.

Вечерта на 21 јануари, Сала се збогуваше со своите поранешни соиграчи во Нант и со изнајмен приватен авион замина кон Велс за да потпише договор со Кардиф сити. По некое време по полетувањето, авионот исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови. На местото на исчезнувањето во тек е операција за пребарување и спасување. Откриени се метални предмети кои можат да бидат дел од исчезнатиот авион.

Синоќа, потрагата беше привремено запрена, а од утринава активностите ма спасувачките екипи продолжија.

Би можело да ве интересира

Во Велика Британија, 66-годишен маж обвинет за смртта на Сала

Ана Ололовска

Пилотот на авионот, во кој беше Емилијано Сала, немал дозвола за летање

Aleksandar Petrovski

Уапсено едно лице поврзано со смртта на Сала

Ана Ололовска

Објавена морбидна фотографија од Емилијано Сала од мртовечницата, полицијата трага по сторителот

Татјана Ташкова

Откриени нови детали за трагедијата на Сала

Ана Ололовска

Нант поднесува жалба до ФИФА против Кардиф за трансферот на Сала