Германската фудбалска ѕвезда Бастијан Швајнштајгер не успеа да го спречи големото изненадување во 2. коло на Вимблдон кога неговата свршеница Ана Ивановиќ доживеа елиминација од американската тенисерка Бетани Матек-Санс.
Швајнштајгер во текот на мечот честопати се обидуваше да и ја подигне самодовербата на Ивановиќ гестикулирајќи и таа да ја врати насмевката, но се беше залудно.
Американката победи со 2-0 (6:3 и 6:4) и се избори за учество во следната рунда.