Дождот пречка за годинешниот Вимблдон

Од:

Третиот Грем слем турнир во годината Вимблдон ќе се одржи од 3 до 16.јули, а квалификациите за настап на главниот турнир се веќе почнати. Но, дождот оваа година најверојатно ќе биде голема пречка за организаторите.

Денеска повеќе од четири часа нема тенис поради дожд, па така е пролонгиран и стартот на мечот на нашата тенисерка Лина Ѓорческа, која во првото квалификациско коло треба да игра против првата носителка од квалификациите Александра Круниќ од Србија.

Временската прогноза за првата недела на тунирот не е добра за тенисерите особено што во сите денови се очекува дожд. Нешто подобра ситуација е во втората недела од турнирот. Само Централниот терен и теренот број 1 имаат покрив.

Лани шампионските пехари ги освоија Британецот Енди Мареј и Американката Серена Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Ана Ололовска

Ривалите на Ѓоковиќ и на Федерер ги предадоа мечевите во вториот сет од првото коло на Вимблдон

Наум Локоски

Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Вимблдон, елиминирана и во двојки

Наум Локоски

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на Вимблдон

Наум Локоски

ВИДЕО: Како танцуваа Новак и Серена?

Ана Ололовска

Втора титула за Хингис на Вимблдон 2015

Ана Ололовска