На два дена до почетокот на Светското првенство во фудбал, трагедија се случи во семејството на бразилскиот селектор Луис Фелипе Сколари.
Бразилскиот бизнисмен, Таркисио Џон Шнајдер (48), инаку внук на селекторот Сколари, го загубил животот во сообраќајна несреќа.
Таркисио со својот автомобил удрил во камион на обиколницата Закиа, северно од Рио Гранде до СУл, во близина на градот Пасо Фунда.
Според првичните информации, Таркисио, инаку син на сестрата на Сколари, загинал на самото место, додека возачот на камионот не бил повреден.
Според информациите од Бразил, Сколари веднаш го напуштил кампот на репрезентацијата.