Сузуки Игнис освои Good Design Award 2016 што го доделува јапонскиот Институт за дизајн. Игнис е новиот „жанр“ на кросовери покренат во февруари 2016 година во Јапонија кој се заснова на концепт на „функционален и модерен мини кросовер“.
Тој е извонреден за секојдневна употреба и за активности во природа.
Има едноставен надворешен дизајн што остава силен впечаток, а дизајнот на ентериерот е свеж и изразува висок квалитет.
Жирито наведува: Игнис е компактен, но има единствен дизајн. Занимлив е на начин како презема тренд на СУВ, а притоа усвојува елементи на претходни модели на Сузуки вклучително на Витара, Фронте Купе и Церво во разни делови. Игнис сугерира како почитувањето на сопственото минато може да биде силна енергија во креирање нов дизајн“.
Продажбата на новиот Игнис во Европа би требало да почне во јануари 2017 година.