Фудбалерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг наскоро може да го напушти тимот од Лондон,
Според „Transfer Market Web“, за играчот од нападот се заинтересирани Манчестер сити и Барселона. Двата клуба сакаат да го купат Обамејанг во претстојниот симски преоден рок.
Претставници на Манчестер сити веќе стапиле во контакт со Арсенал за евентуален трансфер. Договорот на 32-годишниот Габонец со „Топџиите“ е пресметан до летото 2023 година.
Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 25 милиони евра.