Селектроот на Словенија, Веселин Вујовиќ по драматичниот финиш во кој Словенија остана без победа во дуелот против Германија, распали по судиите и Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Тој не бираше зборови по натпреварот, а челниците на ЕХФ ги нарече „дебили“.
– Не знам што се случи, не ги знам правилата. Честитки до Германија за ремито, многу среќа во иднина. Зошто видео-технологијата ја користеа на крајот, а не при измислениот пенал над Генсхајмер за што измислено исклучување доби Кавтичник, а потоа и нашата клупа. Застанав на голот за да покажам дека направија хаос, дека направија спортот да е смешен бидејќи го водат дебили, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата.
По досудениот седмерец за Германија, селекторот на Словенците, Веселин Вујовиќ застана на голот во знак на протест. Тој истакна дека правилото со кое што судиите ја оправдале одлуката за прв е употребено на тој натпревар против Словенија.