Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ го испрати националниот тим на клучниот натпревар во Португалија во рамки на мундијалските квалификации, ветувајќи им при обраќањето во авионот премија од еден милион евра доколку победат.

Србија в недела и гостува на Португалија во Лисабон со императив да победи за да обезбеди пласман на Светското првенство 2022 во Катар. Во случај на нерешен резултат или пораз, Србија местото на местото на Мундијалот ќе игра во баражот.

– Во договор со Владата на Србија ќе издвоиме за вас дополнителна премија од еден милион евра доколку победите, а можете да ги победите. Јас не умеам да кажам „одете и играјте“, туку мојата девиза е „одете и победете“. Ние од наша страна ќе го почитуваме каков и да биде конечниот резултат доколку се борите и дадете сè од себе, а не се сомневаме дека ќе биде така, им порача Вучиќ на српските фудбалери.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска

УЕФА откри местење натпревари во српското фудбалско првенство

Катерина Ѓуровски