Второ издание на Sharra Challenge 2019

Од:

Второто издание на предизвикот на Шар Планина, Sharra Challenge 2019, ќе се одржи денеска со трки во трчање и велосипедизам од Тетово до Попова Шапка.

На програмата застапени се трките во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Стартот на трките е закажан во 9 часот на плоштадот во Тетово, а пријавувањето за учество е отворено преку веб страната www.prvdovrv.mk. За најдобрите е обезбеден паричен награден фонд од 60.000 денари.

-Трките претставуваат континуитет на веќе добро познатите натпревари Прв до врв на Водно во Скопје, но овој пат со поголем предизвик во целите кои ќе треба да ги совладаат учесниците, во поглед на должините на патеките и висинската разлика, наведуваат од Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ кое е еден од организаторите на настанот.

Патеката за трчање е во должина од 10 километри и од Тетово минува покрај селата Гајре и Лисец до целта на Попова Шапка. Патеката за планински велосипеди е долга 20 километри и од Тетово минува покрај селата Шипковица и Лисец до целта на Попова Шапка, додека друмските велосипеди ќе возат по асфалтниот пат до целта. На сите три патеки ќе се совлада висинска разлика од околу 1200 метри.

Настанот го организира здружението „Прв до врв“ во соработка со Општина Тетово и со поддршка на деловната и општествената заедница.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски